Спорт

Барса и Атлетико Мадрид играат за титула на Ноу Камп

Барса и Атлетико Мадрид играат за титула на Ноу Камп

Сепак, последното, 37. коло од шпанската Примера дивизион и дуелот на “Ноу Камп” помеѓу директните ривали во борбата за шампионската титула, Барселона и Атлетико Мадрид ќе даде одговор на најважното прашање, дали победничкиот пехар ќе остане во каталонската престолнина или истиот ќе се пресели на “Винсенте Калдерон”.

Ваквото сценарио ќе беше избегнато доколку фудбалерите на Атлетико Мадрид освоеа повеќе од еден во првенствениот дуел против гостинскиот тим на Малага.

Предноста на домашниот терен и доминацијата која ја имаа во поголениот дел од натпреварот не се покажа како доволна за избраниците на Диего Симеоне кои сега имаат обврска да освојат најмалку еден бод во последниот првенствен дуел во кој за противник за го имаат директниот ривал, каталонскиот гигант Барселона.

Само еден бод, но на гостувањето во Елче освоија фудбалерите на Барселона кои останаа во игра за шампионската титула благодарение на големиот кикс на Атлетико Мадрид.

Со заслужениот пораз кој го доживеаа на незгодното гостување во Виго, фудбалерите на Реал Мадрид и официјално се збогуваа со шампионската титула во шпанската Примера дивизион.

Резултати: Атлетик Б. – Сосиедад 1:1, Атлетико М. – Малага 1:1, Селта – Реал М. 2:0, Елче – Барселона 0:0, Еспањол – Осасуна 1:1, Гетафе – Севилја 1:0, Гранада – Алмерија 0:2, Бетис – Валјадолид 4:3.