Барса и Челзи минаа натаму, Базел го шокираше Јунајтед

Листата на клубови кои изборија пласман во осминафиналето од фудбалската Лига на шамионите во средата вечерата се зголеми за уште две имиња со Барселона и Челзи, додека останатите фаворити ќе го чекаат посленото коло од фазата по групи.

Во дербито на вечерта Јувентус и Барсеона во Торино одиграа без голови што на Каталонците им беше доволно да го потврдат првото место во групата, додека „Старата дама“ минувањето ќе го бара во последното коло на гостувањето во Пиреја против Олимпијакос.

Најголемото изненадување пред почетокот на натпреварот беше изоставувањето на Лионел Меси од почетниот состав на Барселона. Дел од шпанските медиумки објавија дека Каталонците сакаат да го поштедат најдобриот фудбалер за дерби мечот со Валенсија, додака други објавија дека Аргентинецот е во судир со раководството на клубот околу новиот договор.

Во првото полувреме се играше слаб гудбал без многу шанси. Најблиску до постигнување гол беа гостите во 22 минута, кога Иван Ракитиќ ја погоди стативата. Меси во игра влезе во 56 минута, но ситуацијата на теренот не се поправи, освен ударот на Дибала кон самиот крај на мечот кога Терштеген одлично интервенираше.

Во вториот меч од оваа група Спортинг во Лисабн го совлада Олимпијакос со 3:1 со што остана во игра за пласман во осминафиналето. Португалците го скршија отпорот на гршкиот шампион во последните пет минути од првото полувреме со двата гола на Бас Дост во 40 и Бруно Сезар во 43 минута. Победата на Спортинг а потврди Дост во 67 минута, а Олимпијакос поразот го ублажи во 86 минута преку Оџиџа.

Барселона води со 11 бодови, Јувентус има 8, Спортигн 7 а Олимпијакос еден бод. Во последното коло Барселона го пречекува Спортинг, додека Јувентус му гостува на Олимпијакос.

 

Во групата Ц фудбалерите на Челзи обезбедија пласман во осминафиналето откако на гостувањето го совладаа Карабаг со 4:0. Клучниот момент на мечот во Баку се случи во 19 минута кога Рашад Сагидов направи пенал а притоа беше и исклучен. Впечаток е дека португалскиот судија Хорхе Соуса пестрого го исклучи капитенот на домашните. Пеналот сигурно го реализираше Еден Азад, До крајот на мечот само прашање беше колку голови ќе постигнат гостите од Лондон, На крајот стрелци беа вилиан во 37 и 85 и Фабрегас во 73 минута повторно од пенал.

Во вториот меч Атлетико Мадрид со поедата над Рома од 2:0 си ги продолжи надежите. Шпанците во водство ги донесе Антоан Гризман во 69 минута постигнувајќи гол со !ножички“ на асистенција на Анхел Кореа, а победата ја потврди Кевин Гамеиро во 85 минута.

Во Групата Ц водии Челзи со 10 бодови, Рома е втора со 8, Атлетико Мадрид има 6, а Карабоаг два бода. Во последното коло се среќаваат Челзи и Атлетико, како и Рома со Карабаг.

 

На Манчестер Јунајтед за потврда на првото место во Групата А му беше потребен и еден бод против Базаел, но „Црвените ѓаволи“ беа урнати во 89 минута со голот на Мишел Ланг. Јунајтед во првото полувреме двапата ја тресеше стативата, Марсал во 42 и Рохо три минути подоцна, а кјазната за нереализираните шанси стаса во последните моменти од мечот. За Јунајтед во последните 15 минути од мечот настапи ираковалесцентот Златан Ибрахимовиќ, но ни тоа не помогна.

Во втората средба од оваа група ЦСКА во Москва со 2:0 ја совлада Бенфика и остана во игра за осминафиналето. Георги Шеников во 13 минута ги доведе домашните во водство, а на 2:0 зголеми Жердел во 56 минута откако си постигна автогол. Витињо сакаше со повратна топка да го проигра агоев, но Жердел ја сврти топката во својат амрежа.

Во Групата А во водство е Манчестер Јунајтед со 12 бодови пред ЦСКА со 9 колку што има и Базел, а Бенфика нема ниту бод. Во последното коло Бенфика го пречекува Базел, а ЦСКА оди на гости кај Манчестер Јунајтед.

 

Во Групата Б, Пари Сен Жермен и Баерн минхен веќе се квалификуваа во нокаут фазата. Прашање е само кој ќе го освои првото место. ПСЖ пред последно коло има три бода повеќе од Баварците и во првиот меѓусебен меч славеше со 3:0 што парижаните ги прави фаворити.

ПСЖ во петтото коло го декласираше Селтик со 7:1, додека Баерн во Брисел го совлада Андерлехт со 2:1.

Шкотскиот првак на „Паркот на принцовите“ поведе по само 56 секунди со голот на Муса Дембеле. Тоа воедно беше и првиот гол што ПСЖ го прими годианва во Лигата на шампионите. Меѓутоа, тој погодок како да ги разлути домашните и до крајот на полувремето постигнаа четири гола, а стрелци бра нејмар во 9 и 22, Единсон Каван во 28 и Килиан М’бапе во 35 минута. Во второто полувреме во стрелците се запишаа и марко Верати во 75, Кавани со својот втор гол во 79 и Дани Алвеш во 82 минута.

Баерн поведе кај Андерлехт во 52 минута преку Роберт Левандовски. Изедначи Софиани Ани во 63 минута, а изненадувањето го спречи Корентин Толисо постигнувајќи го во 77 минута вториот гол за Баварците.

На табелата во оваа група ПСЖ води со 15 бодови пред Баерн со 12, Селтик со 3 и Андерлехт кој е без бодово. Последното коло ќе го одговори прашањето за првото место за кое во Минхен ќе се борат Баерн и ПСЖ, со тоа што домаќините би требало да постигнат победа со повеќе голови разлика, а во Глазгов ќе играат Сетик и Андерлехт.

 

Пред последното коло осум клубови го обезбедија продолжувањето на натпреваруањето во Лигата на шампионите, а уште осум ќе треба тоа да го сторат во последниот меч од групит. Пласман во осминафиналето досега обезбедија бранителот на титулата Реал Мадрид, ПСЖ. Тотенхем, манчестер Сити, Баерн Минхен, Бешикташ, Челзи и Барселона.