Барса и Реал (М) ќе останат само сон за Боаш

Иако во изминатиот период е познат прво по отказот кој го доби од сопственикот на Челзи, потоа и од сопственикот на Тотенхем, младиот португалски стручњак, Андре Вилјаш Боаш, убаво ја насмеа фудбалската јавност со изјавата дека сака да биде тренер на најголемите ривали од шпанската Примера дивизион, Реал (М) и Барселона.

“Реал (М) и Барселона се можеби најголемите клубови во фудбалската историја. Точно дека едниот има многу повеќе трофеи од другиот, но другиот има напишано повеќе фудбалски страници во поновата историја. Јас сум млад тренер и би сакал да ми се исполни големиот сон, да бидам тренер или на Барселона или на Реал (М)”, изјави португалскиот стручњак кој се уште е без работа иако пред неколку месеци доби заслужен отказ поради очајните резултати на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем.