ЛШ: Барса ја “демолираше” Рома, Арсенал рутински против Динамо

Два гола на Суарез, два на Лионел Меси и по еден гол на Пике и Кореиа ја одбележаа вечерта во Барселона која ќе остане за паметење.

Имаше и по еден промашен пенал на двете страни, кои не ги реализираа Нејмар за Барселона и Џеко за Рома во финишот.

Сепак Џеко во 91-та минута успеа, како така да се запише во листата на стрелците, за почесен погодок на “волчицата”.

Во групата Ф, Арсенал му се одмазди на Динамо Загреб за поразот на првиот меѓусебен дуел во Хрватска, сега во Лондон славејќи со 3:0.

Озил во 29-та минута го отвори резултатот, а во 33-та минута Алексис Санчез зголеми на 2:0. Санчез и во второто полувреме стрелаше прецизно со што го заокружи резултато на 3:0.

Група Е:

Барселона – Рома 6:1

БАТЕ – Леверкузен 1:1

Табела: Барселона 13 бода, Леверкузен 5, Рома 5, БАТЕ 4 бода

Група Ф:

Баерн – Олимпијакос 4:0

Арсенал – Динамо З. 3:0

Табела: Баерн 12 бода, Олимпијакос 9, Арсенал 6, Динамо З. 3 бода

Група Д:

Макаби ТА – Челзи 0:4

Порто – Динамо К. 0:2

Табела: Челси 10 бода, Порто 10, Динамо К. 8, Макаби ТА без бодови

Група Х:

Зенит – Валенсија 2:0

Лион – Гент 1:2

Табела: Зенит 15 бода, Гент 7, Валенсија 6, Лион 1 бод