Спорт

Барса ја загуби шампионската титула во Шпанија

Барса ја загуби шампионската титула во Шпанија

Со бодот кој го освоија во дуелот против гостинскиот тим на Гетафе, фудбалерите на каталонскиот гигант Барселона само на теорија ги сведоа шансите за одбрана на шампионската титула во шпанската Примера дивизион.

На две кола до крајот на актуелната сезона, избраниците на Херардо Тата Мартино имаат три бода помалку од актуелниот лидер на првенствената табела, тимот на Атлетико (М), но ривалот од Мадрид има одиграно и еден натпревар помалку.