Барса ќе проба да ја потопи жолтата подморница

Иако повтроно ги нема на располагање услугите на најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси, каталонскиот гигант Барселона денеска важи за апсолутен фаворит во првенствената пресметка со новајлијата во елитното друштво и убедливо најпријатно изненадување во досегашниот тек од сезоната, тимот на Вилјареал.

„Веќе се навикнавме на фактот дека го нема Меси, дека не можеме ништо да очекуваме од нашиот најдобар фудбалер. Сепак, Барселона е голем тим, тим со одлични фудбалери, кои веќе покажаа и докажаа дека можат да се носат со секој предизвик, дека можат и без Меси да победат 6:1. Искрено, не сум изненаден од формата на Вијареал, јас бев убеден дека Вилјареал ќе биде вистински хит во новата сезона и убеден сум дека ќе заврши во горниот дел од табелата”, изјави тренерот на Барса, Херардо Тата Мартино.

Слично толку тешка задача ќе има и тимот на Реал (М) кој ќе се обиде да оствари сигурна победа на секогаш незгодното гостување во Памплона.

Денеска на програмата: Осасуна – Реал (М), Р.Валјекано – Гранада, Барселона – Вилјареал, Малага – Гетафе.