Барса ќе нема милост за Гранада

Без победник и без погодоци заврши премиерниот натпревар од 33. коло во шпанската Примера дивизион, дуелот помеѓу директните ривали во борбата за опстанок., Осасуна и Валјадолид.

Бесот кој го чуствуваат после непријатната елиминација во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони, фудбалерите на Барселона, ќе се обидат денеска да го истурат врз домашниот тим на Гранада.

Се освен убедлива победа на каталонскиот гигант ќе се смета за вистинска сензација, а предводникот на Барса, Херардо Тата Мартино најави максимално офанзивна игра од самиот страт на натпреварот.

Исто сценари, убедлива победа но на домашниот тим, се очекува на дуелот помеѓу екипите на Реал (М) и Алмерија.

Предводникот на „кралскиот клуб”, Карло Анчелоти потврди дека и за овој натпревар, на располагање ќе ги нема услугите на најдобриот фудбалер, Кристијано Роналдо, кој и понатаму има мала повреда, но можно е истата да биде санирана пред стартот на финалниот натпревар од Купот на Шпанија кој ќе биде одигран на 16 април во Валенсија.

Денеска на програмата: Селта – Сосиедад, Вилјареал – Леванте, Гранада – Барселона, Реал (М) – Алмерија.