Барса ќе победи за Тито Виланова

Вториот фаворит за шампионската титула во шпанската Примера дивизион, тимот на Реал Мадрид не дозволи никакво изненадување во саботниот натпревар од 35. коло и многу полесно од очекуваното забележа убедлива победа од 4:0 во дуелот против гостинскиот тим на Осасуна.

Два погодока постигна најголемата ѕвезда во дресот на “кралскиот клуб”, Критијано Роналдо, а во листата на стрелци се зпаишаа и Даниел Карвахаљ и Серхио Рамос.

Од денешниоте натпревари кои се на програмата, убедливо најголемо внимание привлекува дуелот на “Ел Мадрига”, помеѓу екипите на Вилјареал и Баселона.

Гостинските фудбалери сигурно повеќе ја посакуваат победата и сакаат истата да му ја посветат на трагично починатиот поранешен тренер, Тито Виланова.

Резултати: Гранада – Р.Валјекано 0:3, Гранада – Малага, Реал М. – Осасуна 4:0, Бетис – Сосиедад 0:1.
Денеска на програмата: Еспањол – Алмерија, Валенсија – Атлетико М., Атлетик Б. – Севилја, Вилјареал – Барселона.