четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Барса му понудила нов договор на Меси

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона му понудила нов договор на Лионел Меси, објави „Мундо Депортиво“.

MESI RASPALI PO TIE

Поврзани вести

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона му понудила нов договор на Лионел Меси, објави „Мундо Депортиво“.

Аргентинскиот фудбалер во моментов е на одмор во Ибица. Него минатиот месец му се случија многу лоши работи, по што тој се одлучи да оди на одмор со своето семејство.

Додека голем број медиуми пишува дека Меси ќе ја напушти Барселона поради проблеми со даночните афери, се чини дека од тоа нема ништо и дека тој останува на „Камп Ноу“.

Денес „Мундо Депортиво“ објави дека Меси веднаш ја прифатил понудата да го продолжи договорот кој му истекува летото 2018 година.

Се шпекулира дека Меси на 25 јули ќе потпише договор со каталонскиот тим со важност до 2021 година. Клаузулата за откуп во новиот договор ќе остане 250 милиони евра.

Најчитани вести