Спорт

Барса најави тотална офанзива во Валјадолид

Барса најави тотална офанзива во Валјадолид

Актуелниот шампион, тимот на Барселона, ќе ја има таа чест да го одигра премиерниот натпревар од 27. коло од шпанската Примера дивизион.

Каталонскиот гигант важи за апослутен фаворит и се освен убедлива победа на гостувањето во Валјадолид ќе биде дефинирано како вистинска сензација, но и како голем чекор наназад кога е во прашање борбата за шампионската титула.

Предводникот на Барса потврди дека нападот ќе биде предводен од најголемата ѕвезда, Лионел Меси, од бразилскиот интернационалец Неимар и од репрезентативецот на Чиле, Алексис Санчез.

Новајлијата во елитното друштво, тимот на Селта Виго не би требало да се покаже како сериозна пречка за моментално третопласиранот тим на табелата, Атлетико (М), но предводникот на „јорганџиите”, Диего Симеоне потврди дека ќе одмори неколку стандардни првотимци, меѓу кои и Диего Косра, се со цел истите да бидар максимално подготвени за реванш 1/8 финалниот дуел од Лигата на шампиони.

Денеска на програмата: Бетис – Гетафе, Валјадолид – Барселона, Гранада – Валјадолид, Селта – Атлетико (М).