Барса нема да игра во Примера ако Каталонија стане независна држава

Претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Хавиер Тевас, испрати јасна порака до раководните лица на каталонскиот гигант Барселона, дека доколку Каталонсија стане независна држаба, Барса нема да се натпреварува во шпанската Примера дивизион.

“Не сакам да шпекулирам околу невозможното. Каталонија секогаш била и ќе биде дел од Шпанија. Меѓутоа, доколку нешто се промени, во тој случај Барселона не би можела да се натпреварува во Ла Лига. Барселона би можела да се натпреварува во нашата лига само доколку би ги промениле законите, но и со спогодба на двете држави, како што е тоа случај со Андора”, изјави Тевас.