Спорт

Барса нуди 90 милиони евра за Родригез

Барса нуди 90 милиони евра за Родригез

Каталонскиот фудбалски гигант Барселона испрати понуда до францускиот Монако од 90 милиони евра за Колумбиецот Џејмс Родригез. Како што пренесува Ел Конфиденсијал, претседателот на Барса Жозеп Марија Бартоме , пратил понуда во Кнежевството за да ја донесе најголемата млада ѕвезда од Светското првенство во Бразил.
Родригез ја освои Златната копача на Мундијалот, награда која му се доелува на фудбалерот со најмногу голови. Тој постигна шест голови и две асистенции.
Родригез пред неколку недели изајви дека повеќе би сакал да игра во Реал Мадрид , отколку во Барса. Но, Колумбиецот истакна и дека би сакал да остане во Монако во кој дојде минатата сезона за 40 милиони евра од Порто
Џејмс минатата сезона на 38 натпревари постигна 10 голови и 12 асистенции.