Барса сезонава очекува 61 натпревар и 7 титули

Минатата година Барселона одигра 60 официјални натпревари и освои пет од можните шест трофеи. Годинава клубот си постави цел да одигра 61 натпревар, што знали дека покрај ASOBAL лигата би стигнала до завршницата на останатите Куп натпреварувања, оваа година во борба за седум трофеи.

Разликата е што сезонава ќе се игра финалето на Суперкупот на Каталонија, кое минатата година не се одигра. Токму ова натпреварување на 22 август ќе го даде првиот официјален меч во сезоната за Лазаров и другарите, со полуфиналето кое ќе се игра во еден натпревар против Ла Рока на гости. На крајот од август и почетокот на септември како и лани Барса брка два трофеи кои ги брани од минатата сезона: ASOBAL Суперкупот во Тарагона и IHF Суперглоб во Доха.

АSOBAL Купот во декември и Final four на Купот на Кралот во мај 2015 година се уште два трофеи на кои Барса ќе дојде како фаворит и освојувач. Најголемата цел е освојувањето на Лигата на шампионите, чија што завршница ќе се одржи пак во „Ланксес арената„ во Келн. Треба да се минат 16 натпревари и да се победат посебно последните два, за Барса да се надева дека нема да ги повтори грешките од претходните две сезони. Целта сепак останува, 61 натпревар или во превод седум титули.