Барса понижена на Ноу Камп, голема шанса за Реал (М) и Атлетико (М)

Минимален но максимално срамен пораз и тоа пред верните фанови, доживеа актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Бареслона.
Избраниците на Херардо Тата Мартино го одиграа најлошиот натпревар во актуелната сезона и сосема заслужено се поразен од одличниот тим на Валенсија.
Вината за минималниот пораз од 3:2, поранешниот селектор на Парагвај ја лоцираше во сопствените редови, во грешките кои беа направени во вторите 45 минути.
“Како да играше некој друг тим во вторите 45 минути. Имавме целосна доминација во првото полувреме, имавме минимално водство, но моравме да го дотолчиме противникот. Сами сме виновни за овој пораз, ние му дозволивме на противникот да се врати во игра. Валенсија ги искористи сите наши грешки”, изјави по натпреварот тренерот на Барса.
Фудбалерите на Реал (М) и на Атлетико (М) денеска ќе се обидат да го искористата големиот кикс на каталонскиот гигант денеска.
Далеку потешка задача ќе има тимот на Реал (М) кој ќе се обиде да оствари позитивен резултат на незгодното гостување во Билбао, а фудбалерите на Атлетико (М) ќе с еобидат да ја искористата предноста на домашниот терен во првенстевната пресметка против екипата на Реал од Сосиедад.
Резултати: Барселона – Валенсија 2:3, Леванте – Р.Валјекано 0:0, Гетафе – Валјадолид 0:0, Малага – Севилја 3:2.
Денеска на програмата: Елче – Алемрија, Бетис – Еспањол, Атлетико М. – Сосиедад, Атлетик Б. – Реал М.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.