Спорт

Барса прво ќе преговара со Монтоја и Пике, а потоа со Меси

Барса прво ќе преговара со Монтоја и Пике, а потоа со Меси

Жосеп Мариа Бартомеу, новиот претседател на каталонскиот гигант Барселона, потврди дека аргентинскиот интернационалец, Лионел Меси не е прв на списокот со фудбалери на кои ќе им биде понуден нов побогат договор.

“Меси не е за продажба. Ќе седнеме на преговарачката маса, ќе разговараме со неговиот татко и ќе го направиме најскапо платен фудбалер на денешницата. Најдобриот фудбалер на денешницата мора да биде и најскапо платен фудбалер. Сепак, новиот договор на Меси не е во прв план. Прво сакаме да ја продолжиме соработката со Монтоја и можам да потврдам дека тие преговори се во финалната фаза. Потоа ќе разговараме со Пике и со неговиот агент. Мислам дека лесно ќе се договориме и дека ќе ја продолжиме соработакат. Потоа на ред ќе дојде и Лионел Меси”, изјави Бартомеу.