Спорт

Барса се откажува од услугите на Алексис Санчез

Барса се откажува од услугите на Алексис Санчез

Андони Зубизарета, спортскиот директор на каталонскиот гигант Барселона потврди дека клубот има добиено неколку интересни понуди за чилеанскиот интернационалец, Алексис Санчез и додаде дека сите опции се во игра, таа да остане на “Ноу Камп”, но и таа да си замине од клубот за време на летниот преоден рок.

“Можам да потврдам дека има неколку интересни понуди за Алексис Санчез. Прво да заврши Мундијалот во Бразил, портоа истите ќе бидат разгледани со големо внимание. Ќе разговарам со фудбалерот кога ќе дојде во Барселона, сега е на заслужен одмор. Барселона секогаш ја бара идеалната опција за сите три страни, така ќе биде и во овој случај. Ќе видиме што е најдобро за клубот и за фудбалерот. Сите опции се во игра, таа да остане на “Ноу Камп”, но и таа за промена на клупската средина”, изјави Зубизарета.

Моментално, најголем фаворит во трката по потписот на Санчез е лондонскиот премиерлигаш Арсенал чии челници се подготвени да одвојат околу 40 мил. евра за обешетувањето на 25-годишниот крилен напаѓач.