Барса со 600-от гол на Меси подобра од Атлетико

 

Во големото дерби од 27-то коло на шканската фудбалска лига Брселона на „Ноу Камп“ славеше против мадридски Атлетико со 1:0 и повторно е осамена на врвот од табелата со осум бодови предност на 11 кола пред крајот на шампионатот.

Дуелот кој можеше да ја спаси неизвесноста во Примера очекувано донесе тврд фудбал, дури и позатворен отколку што се очекуваше, а предноста на Барселона и најверојатно шампионската титула ја донесе волшебниот потег на Лионел Меси во 26 минута.

Од неинтересното прво полувреме се издвојува само маестралниот гол на Меси од слободен удар од 20-ина метри Аргентинецот го префрли живиот ѕид и го погодил самиот агол од голот на Облак за својот јубилеен 600-т гол во кариерата. Овој гол и го реши победникот во дербито, бидејќи Атлетико во второто полувреме јалово напаѓаше и на крајот остана без ниеден удар во рамките на голот на Барселона.

Единствената лоша вест за Каталонците од дербито е повредата на Андрес Иниеста.

Барселона води со 69 бодови пред Атлетико со 61 и Реал со 54 бодови, а предноста на Барса е уште поголема бидејќи доколку биде на крајот и бодовно изедначена со Атлетико има подобар сооднос во меѓусебните дуели победа од 1:о и реми 1:1.

Претходно во неделата Леванте и Еспањол одиграа 1:1. Домашните водеа од 55 минута со голот на Хозе Луси Моралес од пенал сѐ до третата минута од судиското продолжение кога за Еспањол изедначи Лео Баптистао, Овој меч беше и последен за тренерот на Леванте, Хуан Муниз, кој доби отказ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.