Барса со нов триумф

Перфектниот старт на сезоната во ASOBAL лигата, првакот Барселона го заокружи со лесната победа против Анхел Хименез, издвојувана и без капитенот Виктор Томас.

Момците на Пасквал почнаа спектакуларно со две асистенции на Лазаров за ефектни голови на Жалуз и Сигурдсон. Виран Морос со брз гол од контранапад во 4 минута, носи 3:1 за домаќините. Реакцијата на гостите од Кордоба беа акциите за пивотменот Баена за 4:3 во 6 минута. Лазаров од првиот скок-шут на ефектен начин ја одржа максималната реализација на каталонците (5:3).

Шариќ одбрани седмерец, а Карабатиќ пак на додавање на Лазаров во 10 минута погоди за 6:4. Хуан Васкез Диз овој пат сугурно изведе казнен удар за 6:5 во 12 минута. Ракометарите на Анхел Хименез дури и поведоа со 6:7, но Пасквал со тајм-аут ја прекина серијата на гостинската екипа. Фаворитот веднаш реагираше и Гурбиндо и Лазаров со два гола од седмерци го враќаат водството (10:8). Со третиот гол на Карабатиќ, незабележително Барселона дојде до +3 во 22 минута. Кризата беше минато за Барса, а по голот на Арињо при 13:9 за домаќините, гостинскиот тренер Борбеито побара тајм-аут.

Гостите повеќе од 5 минути беа без постигнат гол, а по 6 одбрана на Шариќ, од убава акција Јоан Саубич погодува за 15:9 во 28 минута. За краток период падна во вода добриот почеток на мечот на гостите и Гурбиндо реализираше за 16:9 на одмор. И вториот дел почна со добро организирани акции на шампионот и голови на Лазаров од седум метри и Арињо на додавање на македонецот за 18:11.

Гостите влегоа во криза и Нодесбо постигна уште два гола, пред египјанецот Бохи од седум метри во 41 минута да намали на 22:13. Но Лазаров беше расположен и со удар преку блокот ја донесе двоцифрената предност со 5 гол од исто толку обиди (23:13). Лазаров погоди и по шести пат, па Нодесбо го продолжи своето шоу на лесни голови за 27:16 на 10 минути пред крајот. Безгрешното изведување на седмерци на Лазаров му го донесе и седмиот гол за 28:16 во 53 минута. Како и Гонзало во вторникот со Хелветиа Анаитасума и Данијел Шариќ против Анхел Хименез бранеше одлично и со 16 одбрана во 55 минута предивика овации на каталонската публика. Жалуз со својот трет гол во последната минута од мечот донесе највисоки 30:16 за Барса. До крајот само формалност, нова двоцифрена победа за каталонците и добра најава за стартот на Лигата на шампионите.

Финални 31:16 за првакот, во меч во кој Лазаров беше прво име на средбата со 7 гола без промашување и 4 асистенции. Данијел Шариќ собра 20 обрани, а по 4 гола додадоа Арињо и Карабатиќ. Кај екипата на Анхел Хименез се истакна Хуан Антонио Васкез Диз со 6 гола. В среда во Кангас против Фригорификос Моразо, Лазаров и другарите го играат последниот меч пред почетокот на Лигата на шампионите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.