Барса во голем стил ја освои титулата во Примера – среде Мадрид

Екипата на Барселона е нов шампион на Шпанија откако на едно коло до крајот на Примера има недостижна предност во однос на Реал Мадрид.

Барселона синоќа во дуелот од 37-то коло го победи ланскиот првак Атлетико Мадрид со 1:0 на “Висенте Калдерон”, а стрелец на единствениот гол беше Лионел Меси.

Реал Мадрид оствари победа на гостувањето кај Еспањол со 4:1, но разликата во бодови остана четири во корист на Барселона.

Резултати 37 коло: Атлетико Мадрид – Барселона 0:1, Кордоба – Рајо Ваљекано 1:2, Елче – Атлетик Билбао 2:3, Еспањол – Реал Мадрид 1:4, Хетафе – Еибар 1:1, Депортиво – Леванте 2:0, Реал Сосиедад – Гранада 0:3, Севиља – Алмерија 2:1, Валенсија – Селта 1:1 и Виљареал – Малага 2:1.

Табела: Барселона 93 бодови, Реал Мадрид 89, Атлетико Мадрид 77, Валенсија 74, Севиља 73, Виљареал 60…