Барса во жалост поради трагедијата

Фудбалскиот клуб Барселона се вклучи во тридневната жалост, која почна во Шпанија, поради авионската несреќа во Франција, во која животите ги загубија 150 луѓе.

Знамињата на стадионот „Камп ноу“ ќе бидат спуштени на половина копје, соопшти каталоснкиот клуб.

Ербас А320 на германската авиокомпанија „Џерманвингс“ се сруши во јужниот дел на француските Алпи. Во несреќата животите ги загубија сите 150 патници, најголем дел од нив беа Германци и Шпанци.

Меѓу жртвите се и двајца ирански новинари Милад Хоџотолесалми и Хосеин Џавади, кои три дена пред тоа во Барселона известуваа за натпреварот од шпанското фудбалско првенство помеѓу двата најголеми ривали Барселона и Реал Мадрид.

Новинарите патувале кон Австрија каде требало да го следат пријателскиот натпревар на репрезентацијата на Иран против Чиле, а потоа и против Шведска во Стокхолм, како што пренесува новинската агенција ИРНА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.