Барса знае со кои фудбалери ќе го нападне Реал (М)

Иако има уште седум дена до стартот на можеби најважниот дуел кога е во прашање борбата за шампионската титула во шпанската Примера дивизион, предводникот на каталонскиот гигант Барселона, Херардо Тата Мартино откри дека веќе знае со кои фудбалери ќе му се спротистави на најголемиот ривал во Примера дивизион, тимот на Реал (М).

„Јас немам никаква дилема кога е во прашање начинот на кои ние ќе играме на “Сантијаго Бернабеу”. Играта која ја прикажаме на дуелот против Осасуна е доволен доказ дека нема потреба од некаква промена. Исто така, јас немам никакви дилеми кога е во прашање почетниот состав за дуелот против Реал (М). Одигравме без грешка и против Манчестер Сити и против Осасуна. Мора да останеме цврсто на земја, да не летнеме во облаци после убедливиот триумф над Осасуна. Сакам вака да играме на секој следен натпревар, да доминраме и да ги осивоиме сите три бода”, изјави Мартино.