Барселона го торпедираше богатиот ПСЖ

Ракометарите на Барселона го торпедираа богатиот француски тим Пари Сен Жермен совладувајќи го со 38:28 (19:9) во  9. коло во Ц – групаво Лигата на шампионите.

ЗаБарселона ова беше осмата победа во деветиот натпревар во ЛШ со што го осигураа првото место во групата.

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, не успеа да се запише во листата на стрелците. Најефикасен кај Барселона беше Виктор Томас со 10 гола, Рутенка постигна пет а Карабатиќ четири погодоци.