Спорт

Барселона ја надмина рекордната серија на Реал, следен е Јувентус

Барселона ја надмина рекордната серија на Реал, следен е Јувентус

„Задоволен сум како напредува сезоната. Имаме добри пристап, интензитет и завршница. Кога Барселона ќе успее да биде таква, создавате шанси уште од првата минута и многу е тешко да ја запрете“, изјави тренерот на Каталонците, Луис Енрике.
Со победата над Рајо, Барселона го подобри рекорд на Реал Мадрид од сезоната 1988/89, кога тимот на Лео Бенхакер имаше серија од 34 меча без пораз. Истовремено, Каталонците ја вратија предноста на врвот на табелата во шпанскиот шампионат на осум бода на 11 кола до крајот.
Нареден предизвик на Барса е рекордот на Јувентус од 43 меча во низа без пораз, поставен во сезоната 2011/12. Во следните две кола, Барселона игра со Еибар и Хетафе, додека во Лигата на шамиони го пречекува Арсенал во реваншот од осминафиналето.