Барселона ја обжали одлуката за укинување на автономијата на Каталонија

Каталонскиот Парламент денеска соопшти дека пред Уставниот суд на Шпанија ќе ја обжали одлуката на Владата во Мадрид од минатата година, за укинување на автономијата на Каталонија.

Како што се наведува во соопштението одбјавено денеска на налогот на каталонскиот Парламент на Твитер, решението за обжалување на одлуката на шпанската Влада било донесено уште минатиот месец на парламентарна седница, за што гласале пратениците од сепаратистичките партии.

Каталонскиот Парламент во претходниот состав, на 27 октомври донесе одлука за прогласување независоност на Каталонија. Уставниот суд на Шпанија ја прогласи одлуката за неважечка, по што Владата во Мадрид ја укина авотомијата на Каталонија, ги распушти регионалните органи на власта и распиша предвремени избори за 21 декември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.