Барселона ќе го проширува Камп Ноу

Фудбалскиот клуб Барселона соопшти дека до сезоната 2021-2022 ќе го прошири капацитетот на стадионот Камп Ноу на 105.000 места.

Барселона наведе дека на тендерот за дизјан и реновирање на стадионот победила заедничката понуда на компанијата Никен Секеи и каталонското студио на архитекстот Џоано Паскал и Рамон Ауси.

Презентацијата на проектот ќе биде за неколку недели. Од фудбалскиот клуб наведуваат дека победничкиот предлог е „отворен, елегантен, смирен, вонвременски, Медитерански и демократски“.

Работата на стадионот ќе почне следното лето.

Камп Ноу во моментов може да прими 99.354 навивачи и е најголем стадсион во Европа, абеше отворен во 1957-мата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.