Барселона, Кил и ПСЖ во трка за Ландин

Голманот на данската ракометна репрезентација Никлас Ландин, одлично се претстави на неодамна завршеното Европско првенство во Данска. Тој беше еден од најзаслужните што неговата репрезентација играше во финалето во кое загуби од Франција.

Но, поразот во финалето не ги спречи челниците на Пари Сен Жермен (ПСЖ), Кил  и Барселона да ја почнат трката за неговиот потпис.

Ландин, моментно е член на германскиот Р. Н. Ловен, но  најверојатон нема да може да го задржат кога на нивната адреса ќе пристигнат богатите понуди од трите ракометни гиганти кои се најголеми фаворите за освојување на титулата во Лигата на шампионите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.