Барселона ќе нема милост за Гетафе

Премиерниот натпревар од 36. коло во шпанската Примера дивизион, дуелот во Мадрид помеѓу екипите на Рајо Валјекано и Атлетик (Б) заврши со убедлив триумф на гостинот од Баскија од 3:0.

Со погодоците на Микел Сан Хозе, Оскар де Маркос и Андер Херера, фудбалерите на Атлетик (Б) и математички ја осигураа четвртата позиција на табелата и обезбедија пласман во последното квалификависко коло од Лигата на шампиони.
Каталонскиот гигант Барселона, денеска важи за апсолутен фаворит во првенствената пресметка против екипата на Гетафе и се освен убедлива победа на избраниците на Херардо Тата Мартино ќе биде дефинирано како вистинска сензација.

“Што друго ни преостанува освен да се бориме се додека постои теорија за шампионската титула. Ништо не е во нашите раце, но тоа не значи дека ние можеме да се предадиме без борба. Секој противник заслужува максимален респект, тоа го заслужува и тимот на Гетафе. Верувам во моите фудбалери, убеден сум дека ќе славиме во овој првенствен натпревар и ќе освоиме нови три бода”, изјави предводникот на Барса, Херардо Тата Мартино.

Денеска на програмата: Малага – Елче, Осасуна – Селта, Валјадолид – Еспањол, Барселона – Гетафе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.