Барселона ќе покаже дали Атлетико (М) е шампионски материјал

Премиерниот натпревар од 19. коло во шпанската Примера дивизион, дуелот помеѓу екипите на Гранада и Валјадолид, заврши со убедлив триумф на домаќинот од 4:0.

Очите на само на шпанската и светската фудбалска јавност денеска ќе бидат насочени кон “Винсенте Калдерон”, каде ќе се одигра дерби натпреварот помеѓу директните ривали за шампионската титула, двата тима кои имаат по ист број на бодови, вкупно 49, Атлетико (М) и Барселона.

Иако популарните “јорганџии” ја имаат предноста на домашниот терен, каталонскиот гигант важи за благ фаворит најмногу поради најавениот настап од првата минута на се ште најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси.

“Од тоа што ја го видов можам да кажам дека Меси делува одлично. Одигра фантастично против Гетафе иако играше само 30 минути. Сепак треба да бидеме екстра внимателни, само што се рехабилитираше од последната повреда. Пред натпреварот ќе одлучам дали е подготвен за игра, дали може да ги одигра сите 90 минути.  Можно е натпреварот да го започне од клупата за резерви. Ќе разговарам со Меси, ќе го прашам како се чуствува, а факт е дека кога еден фудбалер го започнува натпреварот сака и истиот да го заврши”, изјави тренерот на Барса, Херардо Тата Мартино.

Денеска на програмата: Атлетик Б. – Алмерија, Селта – Валенсија, Атлетико М. – Барселона, Елче – Севилја.