Барселона ќе понуди 25 мил. фунти за Давид Луиз

Раководните лица на каталонскиот гигант Барселона и понатаму не се откажуваат од намерата да ги осигураат услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Давид Луиз.

Централниот дефанзивец се почесто првенствените натпревари ги започнува од клупата за резервни фудбалери, а кога ќе добие шанса, Луиз игра како играч за врска.

Англиските медиуми постојано повторуваат дека контроверзниот менаџер на лондонските “сини”, Жозе Мурињо многу не го “мириса” централниот дефанзивец и дека веќе има издадено наредба да биде продаден за време на летниот преоден рок.
Претседателот на каталонскиот гигант, Жозеп Мариа Бартомеу е убеден дека најавениот трансфер може да биде реализиран со официјална понуда не помала од 25 мил. фунти, што е за 10 мил. фунти помала од таа што ја очекуваат раководните лица на Челзи.