Спорт

Барселона ќе потроши 120 мил. евра за неколку летни засилувања

Барселона ќе потроши 120 мил. евра за неколку летни засилувања

Претседателот на каталонскиот гигант Барселона, Жосеп Мариа Бартомеу, откри дека актуелниот шампион на Шпанија ќе има буџет од 120 мил. евра и најверојатно истиот ќе биде потрошен за време на летниот преоден рок.

„Секоја година, Барселона има фиксен буџет од 120 мил. евра. Најчесто, едната половина од тој буџет ја трошиме за ангажирање на нови фудбалери, а втората половина ја користите за намалување на загубата. Можно е оваа година, да ги потрошиме сите 120 мил. евра на неколку засилувања кои би пристигнале на “Ноу Камп” за време на летниот преоден рок”, изјави Бартомеу.

Каталонскиот гигант е во потрага по нов искусен дефанзивец кој ќе има за задача да го наследи легендарниот капитен на Барса, Карлес Пујол, а можно е шампионот на Шпанија да купи и нов напаѓач.