Спорт

Барселона по 115 години го менува дизјанот на дресовите

Барселона по 115 години го менува дизјанот на дресовите

Барселона следната сезона за прв пат по 115 години постоење ќе го промени дизајнот на дресовите, пренесува каталонскиот весник „Спорт“.

Тимот од „Ноу Камп“ од своето формирање игра во дресови со вертикални линии, но следната сезона тие линии ќе бидат хоризонтални.

Задниот дел на дресовите наводно ќе биде со боите на Каталонија, а во понеделникот компанијата „Најк“, која е одговорна за спортската опрема на клубот, го претставила новиот дизајн на челниците на Барса.

„Спорт“ тврди дека многумина во тимот не знаеле за новиот дрес и дека сега останува на навивачите да одлучат.