Барселона се пласираше во полуфиналето

Фудбалерите на Барселона се пласираа во полуфиналето на шпанскиот куп, откако во четвртокот со 2:0 (2:0) во реваншот на својот „Камп Ноу“ го совладаа градскиот рива Еспањол.

Со двата гола Барса го анулираше поразот од 0:1 од првиот дуел пред една седмица. Стрелци беа Луис Суарез во 9 Лионел Меси во 25 минута.

Претходно во средата во полуфиналето се пасираа и Леганес, кој сензационално го елиминираше Реал Мадрид, и Валенсија, додека Севилја пласманот меѓу четирите најдобри екипи го обезбеди уште во вторникот.