Барселона се рехабилитира против Атлетик (Б)

Најинтересниот саботен натпревар од 34. коло во шпанската Примера дивизион, дуелот помеѓу екипите на Реал од Сосиедад и Еспањол, заврши со минимален триумф на домаќинот од 2:1.

Од денешните натпревари, убедливо најголемо внимание ќе привлечи пресметката на “Ноу Камп”, помеѓу третопласираната Барселона и четвртопласираниот Атлетик (Б).

Само со победа, каталонскиот гигант ги ги задржи и така малите шанси за освојување на шампионската титула, додека гостинот од Баскија е на добар пат да избори пласман во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони.

„Што друго ни останува освен да се бориме се додека има и теоретска шанса да ја освоиме шампионската титула. Барселона мора да победи, мора да се вратиме на победничката патека, мора да ги израдуваме најверните фанови. Нема никаков проблем со Меси, неговата иднина е на “Ноу Камп”, изјави пред натпреварот предводникот на Барселона, Херардо Тата Мартино.

Резултати: Осасуна – Валенсија 1:1, Леванте – Гетафе 0:0, Сосиедад – Еспањол 2:1.
Денеска на програмата: Алмерија – Селта, Р.Валјекано – Бетис, Севилја – Гранада, Барселона – Атлетик Б.