Барселона со +1 ќе патува на Винсенте Калдерон

Барселона со минимална предност од 1:0 ќе патува на реваншот од Купот на Шпанија против Атлетико Мадрид.

“Каталонците” на првиот меч кој се одигра на “Камп Ноу” славеа со погодокот на Лионел Меси во 85-та минута. По дискутабилниот прекршок над Бускетс, судијата досуди пенал за домаќините на овој меч. Голманот на Атлетико Јан Облак успеа да го одбрани ударот на Меси, но топката се одби токму кај него па во вториот обид беше непогрешлив.

Барселона имаше повеќе од играта и создаде неколку шанси, но, сепак, само со 1-0 ќе патува на реваншот на “Висенте Калдерон”.