Спорт

Барселона со Фленсбург, Кил со Веспрем во 1/2 финалето на ЛШ

Барселона со Фленсбург, Кил со Веспрем  во 1/2 финалето на ЛШ

Познати се полуфиналнитењ двојки во Лигата на шампионите и Купот на ЕХФ. Најдобриот македонски ракометар со својата Барселона во полуфиналето во ЛШ ќе ги одмери силите со германскиот Фленсбург, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Веспрем и Кил.

Завршниот турнир од елитното натпреварување ќе се игра во Келн на 31 мај и 1 јуни. Полуфиналните двојки за ЕХФ купот се: Констанца – Монпеље и Берлин – Пик Сегед.

И во ова натпреварување Ф4 турнирот ќе се одржи во Германија. Домаќин ќе биде Берлин викендот на 17 и 18 мај.  Во тимот на Констанца , Македонија ќе ја претставуваат поранешниот селектор на македонската репрезентација Звонко Шундовски и репрезентативецот Бранислав Ангеловски.