Барселона со минимална предност по првиот полуфинален меч

Фудбалерите Барселона во првиот полуфинален меч од Шпанскиот куп на својот „Камп Ноу“ ја совладаа Валенсија со 1:0 (0:0).

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Луис Суарез во 67 минута. Реваншот ќе се одигра за седум дена на „Месталја“.

Во вториот полуфинален дуел Леганес и Севилја во средата во својот прв меч одиграа 1:1, а реваншот идната среда ќе се игра во Севилја.

Финалето на шпанскиот фудбалски куп ќе се игра на 21-ви април.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.