Барселона во војна – ги прекина сите врски со ФИФА

Барселона беше казнета со забрана за трансфери во 2015-та година, а жалбите кои клубот ги поднесе до сите инстанци беа одбиени.

Токму поради ова, претседателот на Барселона, Жосеп Бартомеу објави дека каталонскиот тим ќе го бојкотира доделувањето на Златната топка и дека воедно ќе бидат прекинати сите врски со Светската фудбалска федерација.

Церемонијата за доделување на Златната топка е закажана за 12 јануари во Цирих, а фудбалерот на Барселона Лионел Меси е еден од тројцата кандидати, заедно со Кристијано Роналдо и Мануел Ноер.

“Додека трае казната Барселона ги прекинува сите односи со ФИФА. Му испратив сериозно писмо на Сеп Блатер и нема да присуствувам на церемонијата на доделувањето на Златната топка. Но, тоа не е крај на овој случај”, изјави Бартомеу.