Барселона запрена на „Ноу Камп“ од Селта

Фудбалерите на Барселона освоија само бод во саботниот натпревар од 14-то коло на шпанското првенство, откако на својот стадион одиграа 2:2 (1:1) против Селта Виго.

Гостите во 20 минута поведоа со голот на Јаго Аспас по добро изведениот контранапад. Барселона само две минути подоцна дојде до изендачување преки Лионел Меси.

Во второто полувреме, откако во 62 минута Луис Суаерез на додавање на Меси за водство од 2:1, се чинеше дека Барлсеона ќе дојде до новите три бода. Но веќе во 70 минута Макси Гомез изедначи.

Како и во претходниот дел од дуелот, во финишот играчите на Барселона создадоа многу шанси, но ниеднаш не успеаја да реализираат. Своја шанса имаа и гостите а најдобрата ја имаше во 87 минута Систо, кој сам изби пред Тер Штеген, но германскиот голман го запре неговиот удар и спречи сензација на „Ноу Камп“.

Барселона и натаму е врвот на табелата со 36 бодови, пет повеќе од второпласираната Валенсија којашто има и меч помалку. Мадридските клубови Атлетики и Реал, кои исто така ги очекуваат своите натпревар во 14-то коло, имаат по 27 бодови.

Со освоениот бод Селта Виго привремено се проби на осмото место. Во зоната за испаѓање се Малага, Лас Палмас и Алавес.