Бартомеу: Ќе продолжиме да се развиваме на сите полиња

Тој ќе биде прв човек на Барса во следните шест години откако од лани беше вршител на должноста по оставката што ја поднесе Сандро Росел. Последната сезона, “каталонците” ја освоија тројната круна и тоа многу му помогна на Бартомеу да победи на изборите иако имаше голема конкуренција во Жоан Лапорта.

„Имаме многу цели пред нас што треба да ги реализираме во следниот период. Ќе се обидеме да ги оправдаме очекувањата од навивачите, ќе продолжиме да се развиваме на сите полиња и да му ја дадеме поддршката на Луис Енрике, ќе продолжиме да ја развиваме Ла Масија, како и женскиот фудбал. Со еден збор, јас ќе дадам се за Барса, ќе пролевам пот и крв како и легендите на клубот: Карлес Пујол, Чави, Ерик Абидал, Лионел Меси, Андрес Иниеста…”, изјави Бартомеу пред својот прв ден на функцијата.

Меѓу првите негови обврски, ќе биде назначувањето на спортски директор, функција која е слободна по отказот што во јануари го доби Андони Зубизарета. Советник за трансфери оттогаш е искусниот Ариедо Браида, но тој не е официјално поставен на местото. Од него зависи и тоа дали Пол Погба ќе се пресели во Барселона идното лето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.