Баша: Рама ги носи Сиријците во Албанија за Европа да ја заборави дрогата

Челникот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, обвини во четвртокот дека премиерот Еди Рама си става сам вето за да донесе 600.000 Сиријци во Албанија со надеж дека Европа ќе заборави на трговијата со дрога зад којашто според него стои премиерот.

„Ги зема Сиријците за Европа да ја заборави дрогата и корупцијата во неговата влада. Албанија не ги исполни бараните задолженија од ЕУ и нема што да очекува на Самиот на Европската унија на 28-ми јуни. Германија, која се сметаше за наш најголем поддржувач, веќе ни го сври грбот“, обвини Баша од собраниската говорница.

Ијавата на заменик-министерот за внатрешни работи на Албанија, Јулиан Ходај, дадена за германската телевизија ZDF, во врска со капацитетите на Албанија за прифаќање на емигранти, стана главна тема во медиумите, а остра дебата имаше и во парламентарната Комисија за национална бебедност, кога опозицијата ја обвини владата дека во земјата носи 600.000 сириски бегалци.

„Во прв ред Албанија ќе се претвори во место каде што ќе се соберат терористите. Она што го подготвува Еди Рама е трговија со луѓе. Ќе копнеете да видите албанско мнозинство. Повеќето ќе бидат Сиријци, Пакистанци, Ирачани, Иранци. Албанците ќе станат малцинство. Повеќе нема да има место за Албанците“, рече опозицицскиот пратеник Фљамур Нока, поранешен министер за внатрешни работи.

Неговата колешка од Социјалистичката партија, пратеничката Елона Ѓебреја, апелираше во никој случај да не се создава паника за ситуација „којашто не постои“ и за која владата јасно се произнела дека нема да прифати 600.000 бегалци.

Министерството за внатрешни работи во реакцијата наведува дека изјавата на заменик-министерот Хоџај била извадена од контекст, бидејќи тој не кажал дека ќе бидат прифатени бегалци, туку направил симболика дека Албанија има капацитет и оти еднаш веќе ја покажала својата хуманост со прифаќање на стотици илјади косовски бегалци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.