Башар ал Асад распиша парламентарни избори за 13 април

Сирискиот претседател Башар ал Асад распиша парламентарни избори за 13 април.

Во Сирија на секои четири години се одржуваат парламентарни избори, а последните беа во 2012 година.

САД и Русија претходно објавија договор за прекин на непријателството во Сирија, во кој не се вклучени екстремистичките групи Исламска држава и Фронтот ал-Нусра.

Договорот стапува во сила в петок, 27 февруари.