Балкан

Басеску: Обединување на Романија и Молдавија не може да се оствари во блиска иднина

Басеску: Обединување на Романија и Молдавија не може да се оствари во блиска иднина

Обединување на Романија и Молдавија не може да се оствари во блиска иднина, поради слабата поддршка на идејата меѓу молдавските граѓани, смета романскиот претседател Трајан Басеску, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

„Во моментов, според социолошките податоци, само 15-20 отсто од граѓаните на Молдавија сакаат обединување со Романија. Поради тоа, проектот не може да се реализира во најскоро време“, рекол Башеску.

Тој ја критикуваше романската Влада за тоа што ги намали буџетските места за молдавски студентите и го успори издавањето на романски пасоши за граѓаните на Молдавија.