Свет

Башар ал Аса се кандидира за втор мандат

Башар ал Аса се кандидира за втор мандат

Светските агенции пренесоа дека сирискиот претседател Башар ал-Асад се кандидира за нов мандат на функцијата на изборите закажани за 3 јуни.

Одлуката на Асад е очекувана. Тој практично се смета за сигурен победник на изборите, кои, сепак, ќе бидат први во владеењето на семејството Асад на кои ќе учестува повеќе од еден кандидат.

Изборите ќе се одржат за време на крвавата граѓанска војна во земјата, што трае веќе четврта година и до овој момент зеде над 150.000 жртви.

Изборите ќе бидат организирани само во регионите контролирани од режимот, а кои според некои пресметки изнесува само 40 проценти од територијата на Сирија и во кои живее над 60 проценти од населението.

За претседателската функција ќе се борат вкупно седум кандидати – Асад и уште петмина мажи и една жена. Тие своите документи за кандидирање ги поднесоа во Врховниот Уставен суд на Сирија.