Башеску: Романците се жртви на растечкиот европски национализам

Романците се жртви на растечкиот национализам во некои европски земји, особено по отворањето на пазарот на труд во Велика Британија и Германија, рекол претседателот Трајан Башеску, пренесува „Ројтерс“.

„Романија сака да придонесе за развојот на Европската унија, но романските граѓани станаа жртви на националистички движења во некои земји членки“, рекол Башеску, предупредувајќи за подемот на националистите и крајно националистичките партии на следните европски избори на како резултат на високата невработеност и слабиот раст во некои земји од ЕУ.

„Овие националистички групи веќе успеаја да предизвикаат несоодветни позиции против романски и бугарски државјани“, додал претседателот.

Прашањето за имиграцијата се вжешти пред први јануари , кога Бугарите и Романците добија целосни права да работат во девет земји од ЕУ, вклучувајќи ги и Велика Британија и Германија, кои се’ уште наметнува ограничувања.

Тој потсети дека некои европски земји иницирале дполнителни мерки за заштита на системите за социјална помош и предупреди дека на овој начин се прават разлики меѓу европските граѓани.

„Ваквите мерки одразуваат враќање кон национализмот, што може да биде вознемирувачко за ЕУ“, истакнал претседателот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.