среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 24

„Баскерфест“ од утре во Скопје

Baskerfest-Skopje

Поврзани вести

Жонглери, акробати, танчери, магионичари, кловнови, илузионисти и музичари ќе бидат дел од уличниот театар под отворено небо „Баскерфест“ кои од 10 до 19 јуни ќе ги забавуваат посетителите на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје.

Коце Трајановски градоначалникот на Град Скопје, кој традиционално го поддржува Баскерфест на денешната прес-конференција ги повика Скопјани да дојдат на Плоштад Македонија и 10 дена да уживаат во настапите на учесниците на фестивалот.

– Уличниот театар под отворено небо веќе 11 години носи позитивни вибрации во нашиот град со настапите на атрактивни баскер изведувачи од целиот свет. Од утре па се до 19 јуни, во Скопје на Плоштад Македонија, посетителите секојдневно од 19 часот, се до доцните вечерни часови ќе имаат можност да се забавуваат и дружат заедно со над 100 артисти од целиот свет: Мексико, Бразил, Јапонија, Америка, Нов Зеланд,  Шпанија и други држави, рече Трајановски.

Програмата ќе се одвива на три бини, а во вечерните часови на истото место планирани се настапи на повеќе музички групи и пивска градина.

Организаторите на Баскерфест најавија дека Фестивалот ќе го отворат: магионичарот и илузионист Мистер Бугинага, светски познатиот танчар Суад Демировиќ и германскиот мајстор за комедија, Вили Вондер. Исто така, ја најавија парадата составена од учесници на фестивалот што ќе тргне од пред хотел Бристол и движејќи се по улица Македонија ќе стигне до Плоштад Македонија, како и новитетот годинава – „Галерија под отворено небо“ на која уметници од нашава земја ќе можат да ги изложат своите дела.

И годинава за најмладите ќе има детско катче, односно детска креативна работилница каде што децата ќе можат да се забавуваат и да ги покажат своите таленти.

Во склоп на „Баскерфест“, в сабота, на „Градска Плажа Парк“ ќе се одржи и „One Day Fest“, спектакуларна забава со пена и учество на многу баскер артисти.

Баскерфест годинава ќе се одржува и низ 10 градови низ државата. Секој град барем неколку денa ќе има можност да ја доживее магијата на уличната уметност, која ќе трае се до 13 јули, односно еден месец.

Најчитани вести