Магазин

„Баскерфест“ со танц на балони на плоштад „Македонија“

„Баскерфест“ со танц на балони на плоштад „Македонија“

Со настапот на Алдруби (Танцот на балоните) од Нови Сад, на плоштадот „Македонија“ , утре почнува деветтото издание на уличниот театар под отворено небо, „Баскерфест 2014“.
Мнаифестацијата ќе се одржува во текот на десет дена во 21 општина во земјава, а ќе биде свечено отворена утревечер во 21 часот.

Прв град кој беше домаќин на Баскер-карванот, кој брои над 150 улични артисти, музичари и театри, беше Гевгелија.

Покрај плоштадот „Македонија“ на кој ќе има три бини, од кои на две ќе настапуваат уличните артисти, а едната ќе биде музичка. Преостанатата програма ќе се одвива на уште две локации – „Пивница Стар Град“ (Стара скопска чаршија) и „Градска плажа парк“ (на кејот позади Градски парк).

Целата турнеја ќе трае до 30 јуни, кога во Охрид, Дојран и Битола и официјално ќе заврши Карванот на среќата под отворено небо.

Покрај овие градови, Македонците уживаа или ќе уживаат во уличните претстави и во Кочани (30-31 мај), Велес (6-7 јуни), Свети Николе (7 јуни), Облешево/ Чешиново (10 јуни), Кавадарци (13, 14 јуни), Радовиш (14 јуни), Неготино (18 јуни), Виница (19-20 јуни), Берово, Македонска Каменица, Прилеп (20-21 јуни), Крива Паланка, Пехчево, Тетово (21 јуни), Крушево (22 јуни), Дојран (27-30 јуни), Ресен (28 јуни), Охрид (28-29 јуни), Делчево (29 јуни), а крајот е резервиран за Битола (29-30 јуни).

Баскерфест е интернационален, мултикултурен, уличен фестивал во кој учество ќе земат и ќе нè забавуваат  над 150 артисти, музичари и театри од целиот свет.

Град Скопје за одржување на фестивалот годинава од буџетот издвои околу 900.000 денари.