Свет

Баскијците бараат поголема самостојност

Баскијците бараат поголема самостојност

Повеќе од 100 илјади баскијци формираа „човечки ланец“ барајќи автономија на покраината. Организаторите велат дека „ланецот“ бил долг 123 километри и се протегал од Дуранга, преку покраината Билбао, до Памплона. На протестот се вклучиле неколку баскијски политичари и синдикални функционери, а собирањето е организирано на иницијатива на група која делува под името „Во наши раце“.

Во октомври минатата година во Баскија, која има 2,2 милиони жители, се одржани првите избори. Во текот на 2005 година, шпанскиот парламент го отфрли планот за независност на Баскија, а Владата во април оваа година го отфрли и каталонскиот план за одржување на референдум за прогласената независност. Сепак, каталонците најавуваат дека набрзо ќе го оддржат референдумот.