Баварските конзервативци решително ќе се борат за секој глас

Четири седмици пред изборите за покраинскиот парламент на германската сојузна земја Баварија, челниците на тамошната конзервативна Христијанско-социјална унија (CSU), Хорст Зехофер и Маркус Зедер повикаа во саботата на партискиот конгрес кој се одржува во Минхен на решителна борба за секој глас.

„Во следните четири седмици потребни ни се решителност наместо страв, единство наместо препирки, ангажман наместо пријатно одморање“, порача претседателот на CSU и сојузен министер а внатрешни работи, Хорст Зехофер, обраќајќи им се на учесниците на партиската конвенција.

Зехофер, реагирајќи на лошите резултати на CSU во испитувањата на јавното мнение во Баварија каде што е насочена и со децении е неприкосновена, повика на активирањето на партиската база неколку седмици пред изборите. „CSU од своето основање се залага за Баварија. CSU е силна, доколку е силна Баварија“, порача Зехофер.

Баварскиот премиер Маркус Зедер смета дека моменталната слаба поддршка на избирачите може CSU „да го натера на пресврт“ и промена на ставот. Тој уште еднаш ја истакна важноста на Баварија за остатокот од Германија.

„На изборите во Баварија не станува збор само за CSU, туку и за цела Германија и важноста којашто оваа покраина ја има за земјата“, рече Зедер.

Во текот на својот говор Зедер остро ја нападна Социјалдемократската партија на Германија (SPD) со којашто неговата CSU во традиционалната унија на национално ниво со Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, ја сочинува владата, и ѝ префрли за „антисоцијална“ политика.

Во говорите на двајцата конзервативни челници, како и што се очекуваше, преовладуваа темите врзани со политиката на доселувањето, повеќе отколку прашањата за иднината на социјалната држава и прашањето на наемнините за становите кои се плаќаат во Германија. За саботата попладнето во Минхен е најавен протест против сé поголмите станарини во големите германски градови.

CSU, којашто во Баварија ја застапува демохристијанската опција додека во остатокот од Германија се кандидира CDU, во последните испитувања на јавното менние има поддршка од 35 отсто од гласачи, што е добар резултат но е за дури 12 отсто помалку отколку на изборите пред пет години кога CSU, како и на речиси сите покраински избори по Втората светска војна, освојуваше апсолутно мнозинство во баварскиот парламент.

На сојузните избори минатата година, во Баварија како и впрочем во цела Германија, Унијата CDU/CSU како и SPD ги остварија најлошите избори резултати во историјата, губејќи мноштво гласови во полза на евроскептичната и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), којашто за неполни пет години од формирањето влезе во сојузниот паралмент како трета политичка сила, а претходно освои мандати и во повеќе покраински парламенти.

Потоа CSU најави профилирање на патртијата на „деносто крило“ што резултираше особено откако Зехофер пролетва ја презема функцијата сојузен министер за внатрешни работи во новата владата на Меркел, со заострување на политиката кон барателите на азил.