Македонија

Базари во Гази Баба и Бутел по повод велигденските празници

Базари во Гази Баба и Бутел по повод велигденските празници

Базари по повод големиот христијански празник Велигден денеска ќе се одржат во општините Гази Баба и Бутел.

Во спортската сала „Методија Андонов Ченто“ во општина Гази Баба ќе се одржи манифестацијата „Најубаво велигденско јајце“ на која ќе учествуваат децата од основните училишта и градинките во оваа општина.

Во општината Бутел, пак, ќе се одржи хуманитарен велигденски базар на кој штитениците од Заводот за рехабилитација на деца и младинци „Топанско поле“ ќе се претстават со своите ракотворби.