Базенот во Аеродром се отвора во сабота

Базен на отворено во населбата Аеродром, ќе се отвори во сабота. Содржините од минатата година ќе се надополнат со забава за најмалите и останати спортски активности. Деталите за новите содржини ќе бидат најавени во текот на месецот.

Базен Аеродром е локација на која може комплетно да се ужива, така што покрај пливањето и сончањето ќе може да се проба по некој од специјалитетите на летната бавча „Фирма” во комплексот на базенот, или да се разлади со ладен пијалок од останатите барови за разладување кои работат во склоп на базенот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.